Во организација на Скијачка федерација на Македонија и клубот Олимпик Ски, а под покровителство на Министерство за внатрешни работи и Општина Крушево, од 19 до 21 август, во Крушево ќе се одржи шестиот меѓународен FIS Rollerski Cup Тоше Проески.
Свеченото отворање со церемонијални активности е закажано за 19 август (петок) пред спомен куќата на Тоше Проески. Викендот ќе помине во знакот на спортските натпревари и одличната дружба, а доделувањето на наградите и затворањето на настанот е на 21 август (недела) на Градскиот плоштад.
Бидете со нас на социјалните мрежи и проследете дел од амбиентот