Скијачка федерација на Македонија

Скијачката федерација на Македонија претставува асоцијација на спортски здруженија-клубови во скијачкиот спорт на територија на Република Македонија, членуваат на доброволна основа заради остварување јавни цели во развивање и унапредување на скијачкиот спорт.

Скијачката федерација на Македонија е непрофитна спортска организација која нема за цел остварување на било какви политички или верски активности и како таква нема да биде зачленета во ниедна политичка или верска организација

ОСНОВНИ ЦЕЛИ НА СФМ СЕ:

  • во областа на скијачкиот спорт, што поефикасно и поуспешно да ги остварува националните и заедничките интереси на своите членови;
  • да создава услови за што поорганизирано и поускладено изведување на скијачките активности;
  • да ја подобрува својата материјална состојба и да овозможува побрз и поскладен развој на масовниот и врвниот скијачки спорт и
  • да го застапува и претставува нациоаналниот скијачки спорт на меѓународен план.

ОРГАНИ НА СФМ СЕ:

  • Собрание на СФМ;
  • Извршен одбор;
  • Надзорен одбор

СТРУКТУРАТА НА СФМ

Дејан Пановски Претседател
Марко Нововиќ Потпретседател
Дардан Дехари Потпретседател
Борче Јаневски Генерален Секретар
Сноуборд комитет
Иван Лесевски Алпски комитет

Жикица Јовановски Нордиски комитет

Јован Пановски Член на ИО
Бранислав Лазаревски Член на ИО
Александар Атанасовски Член на ИО
Scroll to Top