Нашите натпреварувачи Ана Цветановска и Ставре Јада забележаа најдобри FIS поени во историјата на македонското нордиско скијање!
Ставре на трките во Пелистер триумфираше два пати и освои 51,32 FIS поени, додека пак, Ана Цветановска победи на денешната трка во Крушево и успеа да запише 85,45 FIS поени.
Нивните резултати на овогодинешниот FIS Rollerski Cup се најдобрите во историјата на македонското нордиско и ролер скијање, во машка и женска категорија.
Честитки до нив и тренерот Борче Јовановски за одличните резултати кои ги постигнаа!