Собранието на СФМ на Вонредна седница одржана на ден 25.11.2022 година согласно чл.20 ст.2 од Законот за здруженија и фондации и согласно одредбите од статутот на федерацијата ја донесе следната:

ОДЛУКА

За ажурирање на постојани членки на СФМ

Член 1
Се врши ажурирање на списокот на постојани членови на Скијачката федерација на Македонија и како постојани членови на федерацијата се утврдуваат следните клубови:

 

Реден број Назив на клуб со ЕМБС Статус
1. Скијачки клуб Работнички Скопје,  ЕМБС 5902916 Редовен
2. СКИ КЛУБ МЕДЕНИЦА Скопје,  ЕМБС 7165374 Редовен
3. Скијачки клуб ПЕЛИСТЕР Битола,  ЕМБС 4141954 Редовен
4. Скијачки клуб ШКЕНДИЈА Тетово,  ЕМБС 4765737 Редовен
5. Спортски клуб ПЕЛИСТЕР  Битола,  ЕМБС 6843638 Редовен
6. Ски клуб БИСТРА Гостивар,  ЕМБС 6692265 Редовен
7. Сноуборд клуб ХМКД Скопје,   ЕМБС 6740448 Редовен
8. Здружение клуб за алпско скијање СТАНИЧ Крушево, ЕМБС 7078323 Редовен
9. КОБНС СКИ РИС Скопје ЕМБС  6876897 Редовен
10. КЛУБ 28 Велес ЕМБС 6823157 Редовен
11. КБНД МИРНА ДОЛИНА Маврово ЕМБС  5902908 Редовен
12. АСК СКАДИ Скопје ЕМБС 6796559 Редовен
13. Ски клуб ПОЛАР Скопје ЕМБС   7078145 Редовен
14. СНОУ СПОРТ КЛУБ Гостивар ЕМБС  6814662 Редовен
15. СНОУБОРД КЛУБ ПОЛАР Скопје ЕМБС  5163277 Редовен
16. ФОКС СКИ КЛУБ Гостивар ЕМБС  7206674 Редовен

Собранието на СФМ утврдува дека било кои други клубови кои евентуално би се декларирале како постојани членови на СФМ, а не се наоѓаат на овој ажуриран список, не се постојани членови на федерацијатаа и немаат такво својство, а истите можат да го стекнат статусот на постојан член на федерацијата исклучиво во постапка согласно статутот на СФМ и согласно Законот за спорт доколку ги исполнуваат условите за да бидат примени како постојани членови на федерацијата.

Ажурираниот список на постојани членки на федерацијата да се архивира и евидентира во СФМ и да се достави до Агенцијата за млади и спорт.

Член 2
Оваа одлука стапува на сила на денот на нејзиното донесување.

Претседавач,
Дејан Пановски


Преземи .pdf формат од одлуката

Scroll to Top