Скијачката Федерација на Македонија оваа година за прв пат ќе го реализира проектот „Тренинг за секое дете“

На наше големо задоволство, ги информираме сите клубови дека Скијачката Федерација на Македонија оваа година за прв пат ќе го реализира проектот „Тренинг за секое дете“.

Овој проект е наменет да го помогне и воздигне скијачкиот спорт и да им овозможи на сите деца подобри услови за квалитетен тренинг и подобрување на перформансите.

Во проектот „Тренинг за секое дете“ право да аплицираат за финансиска поддршка имаат сите клубови (редовни и придружни).

Клубовите можат да аплицираат во период од 08.06.2022 до 30.10.2022.

Во проектот е вклученo:

  • Финансиска помош за патни трошоци за патување на глечер.
  • Финансиска помош за ангажирање на тренер.

За повеќе информации контактирајте нѐ на: info@mkdski.com

Овој проект е финансиран од страна на Скијачката Федерација на Македонија.

Scroll to Top