На наше големо задоволство, ги информираме сите клубови дека Скијачката Федерација на Македонија оваа година за прв пат ќе го реализира проектот „Тренинг за секое дете“.
Овој проект е наменет да го помогне и воздигне скијачкиот спорт и да им овозможи на сите деца подобри услови за квалитетен тренинг и подобрување на перформансите.
Во проектот „Тренинг за секое дете“ право да аплицираат за финансиска поддршка имаат сите клубови (редовни и придружни).
Клубовите можат да аплицираат во период од 08.06.2022 до 30.10.2022.
Во проектот е вклученo:
- Финансиска помош за патни трошоци за патување на глечер.
- Финансиска помош за ангажирање на тренер.
За повеќе информации контактирајте нѐ на: info@mkdski.com
Овој проект е финансиран од страна на Скијачката Федерација на Македонија.