Македонските натпреварувачи триумфираа на FIS Rollerski Cup 2022 во Пониква

Последните две трки од FIS Rollerski Cup 2022, кои се одржаа во Пониква, поминаa во супер спортски амбиент и триумфи на нашите натпреварувачи!

Искрени честитки до сите учесници, а особено до Ставре Јада кој со освоени 51,32 FIS поени се позиционираше на првото место, како и до Ана Цветановска која со 104,82 FIS поени запиша уште една победа во својата кариера.

Воедно, пофалба до клубот Скии Рис за извонредната организација, како и голема благодарност до градоначалникот на Општина Кочани, г-дин Љупчо Папазов, за присуството и несебичната поддршка на настанот. 

Scroll to Top