СТАВРЕ ЈАДА ПОБЕДНИК НА БАЛКАН КУП ВО КРУШЕВО

Во изминатите два дена, во Крушево се одржа Балкан куп во ролерски натпревар на релација Кривогаштани – Крушево, кој има големо значење за нордиската репрезентација на Македонија.

Нашиот репрезентативец Ставред Јада беше победник на вчерашната трка од 10 километри во „ап хил“ (искачување) освојувајќи го првото место и ’заработи’ 123 „ФИС“ точки кои се многу важни, за калкулацијата во пресрет на Зимските олимписки игри кои ќе се одржат во Пјонгчанг, Јужна Кореја, 2018 година.

На второ место заврши натпреварувачот од Грција, Калеантис Каемикас, на третото Црекас Николаос, исто од Грција, додека пак од останатите македонски натпреврувачи, Миланчо Крстески заврши на осмата позиција, Станоески Тони на деветтата, Марио Куртески на 11 позиција, додека пак Митески Ненад го освои 15. место.

 

 

 

Во женската конкуренција на 5 километри, Илиќ Ања од Србија го освои првото место, Тодоровска Викторија од Македонија заврши на втората позиција, Мимпити Георгија на третото место, Марија Колароска беше петта, Викторија Јовановска на шестата позиција, Димеска Марија на седмото место, Цветаноска Ана на осмата позиција, додека пак Дијана Богданоска заврши на деветтото место. Од 12 пријавени учеснички, девет ја завршија трката.

На денешната трка, во машка конкуренција, Шмрковиќ Рејхан беше победник на првото место, Милосављевиќ Милош заврши на втората позиција, Цурекас Николаос на третото место, Ставре Јада ја освои четвртата позиција, Миланчо Крстески на петтото место, Станоески Тони на седмото место, Станоески Тошо заврши на 10 место, а Марио Куртески на 12. позиција. Од 18. пријавени натпреварувачи, 14. ја завршија трката.

Во женска конкуренција, Илиќ Ања беше повторно на првото место, Викторија Тодоровска заврши на втората позиција, Анастасиу Елисавен заврши на третото место, Марија Колароска на петтото место, Јовановска Викторија на шестото место, Цветаноска Ана на седмото место, Дијана Богданоска заврши на осмата позиција, а деветтото место го освои Димеска Марија. Од 12 пријавени учеснички, девет ја завршија трката.

Scroll to Top