Од 28ми до 30ти Август 2020 год, во организација на Скијачката Федерација на Македонија и клубот Олимпик Ски по петти пат се одржа меѓународнiиот ролер ски натпревар “Тоше Проески” во Крушево. Иако натпреварот се одржа во услови на Пандемија, организаторите превземаа соодветни мерки и вложија огромни напори за на патеката Кривогаштани – Крушево да настапат 40 натпреварувачи од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Грција.
Ова беше значаен натпревар за одржување на континутетот и формата на нашите репрезентативци, а деветмина членови од нашиот тим ги постигнаа своите досега најдобри резултати и освоија значајни ФИС поени. Тоа се:
Ставре Јада,
Михаела Даноска,
Дарко Крстески,
Андонаки Костоски,
Дејвид Величковски,
Коста Петроски,
Давид Торевски,
Душан Божиноски и
Александар Јованоски.
Целосните резултати од ова натпреварување на следниот линк од официјалниот сајт на ФИС. https://www.fis-ski.com/DB/general/event-details.html?sectorcode=CC&eventid=46983&seasoncode=2021