Почитувани,
Во врска со однесувањето на Дарко Дамјановски И.О. на СФМ на седницата одржана на 14.12.2017 ги донесе следниве заклучоци.
По испратеното писмо со укажување дека треба да да го корегира своето однесување, Дарко Дамјановски не само што не постапи по препораките туку го радиликазира своето однесување со целосно непочитување на ИО, председателот на СФМ и секретарот на МОК .
– Тој не ги оправда подигнатите 7000 евра со патни налози и сметки во склад со усвоената програма.
– Не се извини за неспортското однесување и навреди кон останатите натпреварувачи, тренерот и членовите на ИО.
– Не престана со обвинувања со цел да го наруши угледот на СФМ И МОК преку социјалните мрежи и на натпреварите во контакти со претставниците на другите екипи.
– Претставувајќи се себе си како жртва тој се обидува да изнуди парични средства од најразлични извори.
– СФМ нема основ да му даде дополнителни средства бидејќи нема увид во реализација на програмата и на потрошените пари. Поддршката од СФМ беше условена со коректно и спортско однесување, кое целосно недостасува.
– Бидејќи не му префрливме пари според неговите желби тој започна војна преку социјалните мрежи и портали, ширејќи лажни обвиненија кон генералниот секретар на МОК, тренерот на нордиско скијање на СФМ, потпредседателот и претседателот на СФМ, вклучувајќи и навреди на најниско можно ниво кон нивните семејства.
Поради тоа ИО на СФМ ги донесе следните заклучоци :
– Дарко Дамјановски не ги исполнува критериумите и не е повеќе член на националната селекција – СФМ нема да ја финансира неговата програма.
– Дарко Дамјановски може да реализира само клупска програма и може да настапува на натпревари кои не се од интерес на националната селекција.
– Уште еднаш му укажуваме веднаш да го корегира своето однесување и да постапи според укажувањата во предходното писмо т.е.
1. Да престане со активности со кои го руши угледот на СФМ, МОК и други национални федерации кои учествуваат на натпревари.
2. Јавно да се извини за досега изречените навреди
3. Да ги оправда подигнатите средства со патни налози и приложени сметки согласно усвоената програма кај претседателот на комитетот за нордиско скијање и биатлон – Васко Соколоски.
4. Доколку не постапи веднаш во целост со горе наведеното СФМ ќе биде принудена целосно да го суспендира Дарко Дамјановски поради долгорочно кршење на етичкиот кодекс на СФМ, ФИС и ИБУ.
– Писмото да се достави до АМС, МОК, веб сатјт на СФМ и до Дарко Дамјановски