МАВРОВО

ski centar mavrov

Мистично и романтично, во прегратката на високите врвови на планината Кораб, регионот на Маврово е познат со векови по својата гостољубивост. Една од најубавите планински долини, Маврово, заедно со езерото и планината Бистра, е сместено во западниот дел на Македонија, само на час возење од главниот град, Скопје. Мистично и романтично, во прегратката на високите врвови на планината Кораб, регионот на Маврово е познат со векови по својата гостољубивот на своите познати преноќишта во минатото, и денес со скијачкиот центар “Заре Лазаревски”.

Вкупната должина на единаесетте ски-лифтови и трите жичари изнесува 5.700 метри, со капацитет од 11.100 патници на час. Со ваква инфраструктура, можно е да се скија на висина од 1.255 до 1860 метри надморска височина. Патеките кои се подготвуваат со шест ратраци се соодветни за почетници, напредни скијачи, како и професионалци во категориите алпско и нордиско скијање. Должината на скијачките патеки под жичарите изнесува 5.000 метри, а должината на ски- лифтовите е 10.000 метри. Сите патеки под ски-лифтовите се осветлени и озвучени, така што скијањето е овозможено и навечер, помеѓу 19 и 24 часот. Имаме цел тим кој се грижи за квалитетот на патеките: четворица професионалци кои ги управуваат машините за тапкање на снегот, една амбулантна моторна санка која ги проверува патеките преку ден, ски- патрола, неколку моторни санки, машина за правење вештачки снег и многу љубезни луѓе кои се вработени во ски центарот.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ! МАВРОВО – СПОЈ НА ТУРИЗАМ И ЗАДОВОЛСТВО!

Scroll to Top