Попова Шапка е најпознат зимски спортско-рекреативен центар во Република Македонија. Се одликува со голем број на сончеви денови и снежна покривка од октомври до мај. Погоден за сите скијачки дисциплини. Посебно е привлечен за скијачи професионалци и рекреативци. Попова Шапка располага со прекрасни скијачки терени со површина од 35 км2.
ЕЛЕМ ТУРС подружница Попова Шапка Тетово, располага со два хотела “Попова Шапка” и “Славија” кои се наоѓаат на 1707 и 1780 м. надморска височина. Скијачкиот центар Попова Шапка е поврзан со локален асфалтен пат од Тетово во должина од 18 км. кој во редовно се одржува.