СНОУБОРД КЛУБОТ ПОЛАР БЕШЕ НА ЖЕТВА НА НАТПРЕВАРИ ВО СРБИЈА

mkdski-polar-1

Изминатиот викенд, од 18-21 март 2017, во Србија се одржаа сноуборд ФИС натпревари – Отворено првенство на Србија, во организација на сноуборд клубот АБЦ од Крагуевац и Бибис од Белград.

Учествуваа 70 натпреварувачи (мажи и жени) од Србија, БиХ, Украина, Либан, Романија, а учество земаа и наши натпреварувачи од скопскиот сноуборд клуб Полар.

Натпреварите беа во 4 категории (Цицибани, Деца, Јуниори и Сениори) и 4 дициплини (Слоуп Стајл, Биг Ер, Велеслалом и Слалом).

Од Македонија се натпреваруваа 12 деца од клубот Полар и притоа беа освоени дури 15 медаљи од кои 5 златни медали

Први ФИС поени за Јана Наскова, Љубен Дерибан и Бојан Андонов.

Јана Наскова 3то место ФИС Слоуп Стајл (Сениорска Конкуренција)
Јана Наскова 1во место Слоуп Стајл – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
Јана Наскова 2ро место Велеслалом – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
Неда Добреска 2ро место Велеслалом – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
Неда Добреска 2ро место Слалом – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
Теодора Поповиќ 3то место Слалом – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
Карло Дерибан 1место Слоуп Стајл – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
Карло Дерибан 1 место Биг Ер – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
Карло Дерибан 1 место Слалом – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
Карло Дерибан 3то место Велеслалом – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
Ведран Лауренчиќ 1во место Велеслалом – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
Марко Петровски 2ро место Слалом – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
Бојан Скендеровски 3то место Слалом – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
Љубен Дерибан 2ро место Слоуп Стајл – Категорија Јуниори (отворено првенство на Србија)
Љубен Дерибан 2ро место Биг Ер – Категорија Јуниори (отворено првенство на Србија)

Добри резултати постигнаа и останатите македонски натпреварувачи иако не освоија медали, Ева Башовска, Вера Лауренчиќ, Дамјан Михајловски, Адријан Бојковски и Давид Андоновски.

Водачи и тренери на македонскиот тим Кирил Насков, Јован Арсовски и Велко Николовски, клуб Полар – Скопје.

mkdski-polar-5
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
mkdski-polar-1
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
mkdski-polar-2
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
mkdski-polar-3
OLYMPUS DIGITAL CAMERA
mkdski-polar-4
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top