Олимпиецот Дејан Пановски на чело на Скијачката федерација на Македонија

На вчерашното изборно собрание на СФМ (Скијачката федерација на Македонија), за нов претседател беше избран Дејан Пановски, македонски алпски скијач, олимпиец, спортист со врвни резултати.

Во својата историја Пановски бележи два настапи на Зимските олимписки игри (1998 и 2002), како и два сениор и еден јуниор настапи на Светско првенство во скијање. Тој сега повторно е исправен пред уште еден голем предизвик, смирувањето на страстите во Скијачката федерација, унапредување на скијачкиот спорт во Македонија како и застапување и остварување на националните и интересите на членовите на здружението.

Новиот претседател беше едногласно избран од страна на 13-те присутни клубови.

За време на изборот беше присутен и Претседателот на македонски олимписки комитет Даниел Димовски, како и претставник од Агенцијата за млади и спорт.

PARK CITY, UTAH – FEBRUARY 23: Dejan Panovski #69 of Macedonia competes in the men’s slalom during the Salt Lake City Winter Olympic Games on February 23, 2002 at the Deer Valley Resort in Park City, Utah. (Photo by Gary M. Prior/Getty Images)
Scroll to Top