Скијачката федерација на Македонија претставува асоцијација на спортски здруженија-клубови во скијачкиот спорт на територија на Република Македонија, членуваат на доброволна основа заради остварување јавни цели во развивање и унапредување на скијачкиот спорт.
Скијачката федерација на Македонија е непрофитна спортска организација која нема за цел остварување на било какви политички или верски активности и како таква нема да биде зачленета во ниедна политичка или верска организација
Основни цели на СФМ се:
- во областа на скијачкиот спорт, што поефикасно и поуспешно да ги остварува националните и заедничките интереси на своите членови;
- да создава услови за што поорганизирано и поускладено изведување на скијачките активности;
- да ја подобрува својата материјална состојба и да овозможува побрз и поскладен развој на масовниот и врвниот скијачки спорт и
- да го застапува и претставува нациоаналниот скијачки спорт на меѓународен план.
Органи на СФМ се:
- Собрание на СФМ;
- Извршен одбор;
- Надзорен одбор
Структурата на СФМ
избрана на собрание на СФМ на 25.10.2018
Претседател
Владимир Пановски
Потпретседатели:
Абдулхади Иљази и Васко Соколовски
Членови на извршен одбор:
Жикица Јовановски, Борче Јаневски, Владимир Пановски, Абдулхади Илјази, Васко Соколовски, Огњан Циговски, Бранислав Лазарески, Александар Атанасовски и Иван Лесевски
Членови на надзорен одбор:
Љупчо Спирковски, Ѓорги Ѓоргиевски и Александар Кацарски
Претседател на алпски комитет
Иван Лесевски
Претседател на комитет за нордиско скијање и биатлон
Жикица Јовановски
Претседател на сноуборд комитет
Борче Јаневски
Технички секретар
Кирил Насков