Жална вест

На 5.10.2020 година, ненадејно почина претседателот на Скијачка федерација на Македонија Владимир Пановски (1947).

Пановски е присутен во Македонскиот спорт долго време, пред се како член на Скијачкиот клуб Работнички од Скопје.

Во Скијачката федерација на Македонија е активен од 2002 година, како долгогодишен потпретседател, а од 2018 година и претседател на Федерацијата.


Како голем спортски работник, вљубеник во скијањето и општо во спортот, заслужен е за напредокот на овој спорт во нашата земја, а особено во обезбедувањето на квалитетната соработка со ФИС (Меѓународната скијачка федерација), ИБУ (Меѓународната бијатлон федерација), Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија... Пановски активно се занимаваше со спорт до крајот на својот живот.

Во време на својата активост особено се залагаше за унапредување на квалитетот на сите спортови при Скијачката федерација на Македонија и во обезбедување на средства за омасовување и напредок на млади-надежни натпреварувачи и усовршување на стручни кадри.

Нека му е вечна слава.

Следни натпревари

Следете не на социјалните медиуми