Во весело друштво на најмладите скијачи реализиран Цевитана Алпски куп 2019

Најблагородната работа е да бидеш дел од младиот свет, да едуцираш и поттикнуваш децата да бидат дел од здравите навики.

Викендов беше реализиран вториот Цевитана Алпски куп 2019, кој беше во техничка организација на скопскиот алпски скијачки клуб Скади и тренерскиот тим составен од Александар Атанасовски Чаве и Слободан Бобо Стаматовски, во рамките на Скијачка федерација на Македонија.

Ветровитото време не ги поколеба бројните деца и нивните родители покрај децата од ски клубовите и познатите од светот на скијањето, да се приклучат на овие натпревари во велеслалом каде сите имаа шанса да се натпреваруваат и да си ги пробаат силите. Учество земаа околу 120 дечиња од повеќе клубови од Македонија како и деца рекреативци кои се поупатени во алпското скијање. Од ски клубовите беа присутни, децата натпреварувачи скијачките клубови на Скади, Пелистер, Фокс, Полар, Сноуспорт, Станич, Меденица и други.

За најдобрите во своите категории беа поделени признанија, медали и награди од генералниот спонзор Витаминка. Натпреварувачите беа поделени генерациски во неколку групи од У8 до У16 во машка и женска категорија.

Трката во велеслалом како настан, беше организиран на патеките на Галички лифт, Ски центар Маврово.

Вторникот и средата, на 5 и 6 февруари, ски клубот СКАДИ организираше ФИС меѓународни натпревари во слалом и велеслалом.

Во прилог официјалните мерења и позиции, линк.

Медиа материјал #skimacedonia 03.02.2019


Следни натпревари

Следете не на социјалните медиуми