Почитувани,

На состанокот на извршниот одбор на СФМ, одржан на 31.10.2017, разгледувајќи го извештајот за реализација на програмата на националните селекции, добивме известување за инцидентот кој го предизвикал Дамјановски Дарко на натпреварот во Амфиполи.

Ставот на СФМ е следниот:

Дамјановски беше редовно пријавуван на сите натпревари за кои побарал пријавување, а како тој се однесува ќе се обидеме да ви објасниме:

На Ролер ски натпреварот во Крушево ова лето (2017), не ги заврши двата натпревара. На натпреварите во Метсово, Грција и натпреварите во Скопје иако беше пријавен, Дамјановски не се појави, без никакво образложение. Повеќепати во своите изјави нагласува дека натпреварите во Ролер Ски за него се безвредни.

Нормално е спортистите да се пријавуваат за натпреварите една недела претходно. Дамјановски се појавува во Амфиполи во Сабота навечер, по одржан прв натпревар и по одржаниот состанок на капитени и оредена стартна листа, барал да настапи што е спротивно на ФИС правилата, обвинувајки ја СФМ - дека не го пријавила за натпреварот. Откако разбрал дека Ставре Јада постигнал добар резултат, неговата намера е да створи нервоза и да го спречи Јада да го оствари својот втор добар резултат, со кој Јада ќе оствари А олимписка норма. Дамјановски сепак не настапил на овој натпревар иако му било дозволено да настапи (потврдува и техничкиот делегат на натпреварот - кој исто така истакнува дека вакво однесување досега нема сретнато). За жал Дамјановски успеал во својот обид да направи проблем, бидејќи и покрај добриот спортски резултат на Јада - освоените бодови не биле доволни - затоа што најдобрите српски натпреварувачи не стигнале во целта помеѓу првите 5. Дамјановски едноставно не може да поднесе дека еден млад натпреварувач има шанси да оствари А олимписка норма и дека квалификацискиот циклус завршува на 20.01.2018. Дамјановски се претставува себе си како жртва со цел да изнуди дополнителни финансиски средства, притоа лажно обвинувајќи го конкурентот, тренерот Динески, СФМ и МОК, притоа заборавајќи дека на претходните 3 олимпјади не постигнал задоволителни резултати, резултатите се со заостанување од 25% зад победникот (во просек) и со просечни 200 ФИС поени.  Исто така однесувањето на Дамјановски на сите досегашни настапи на ОИ беше недолично и проследено со инциденти, за што беше и суспендиран.

Во повеќе наврати во изминатиов период го Дарко Дамјановски го нарушуваше  угледот на СФМ и на нејзините членови (официјални лица, тренери и натпреварувачи),  навредувајќи ги и пишувајќи невистини по социјалните мрежи и во одредени медиуми.


За да се избегнат понатамошните непријатности ИО ги донесе следните заклучоци.


1. Дарко Дамјановски веднаш да престане со неспортски и некоректни активностите кои го нарушуваат угледот на СФМ, а за досега стореното бараме јавно извинување до тренерите на СФМ, натпреварувачите и официјалните лица на СФМ.


2. Пријавувањето на натпреварите да го врши на меил, најкасно 5 дена пред истекот на крајниот рок за пријава на натпреварите, со праќање на меил до СФМ, со сите потребни информации за пополнување на пријава за натпревар (точен датум на натпреварот, точен датум на ваше пристигнување и заминување, точно наведени дициплини и натпревари на кои ќе настапите, придружен персонал - и задолжително наведен капитен на екипата кој ќе биде претставник на официјалните состаноци, барање за сместување...). Без вака испратен меил нема да бидеме во можност да ве пријавиме на натпреварите - бидејќи за секој натпревар се потпишува одговорно лице од СФМ кое потоа ги сноси последиците.


3. Во досегашниот дел од сезоната му се исплатени средства во износ од 7000 евра, а тоа е максималниот износ планиран за квалификациониот период до 20 јануари. За дополнителни средства може да разговараме по предходно поднесување на извештаи и правдање на подигнатите средства и тоа до износот кој СФМ ќе го потоши за покривање на индивидуалните трошоци на другите кандидати за учество на олимписките игри во нордиско трчање. Предходно е потребно јавно извинување.


4. Да се достави писмо до Дамјановски Дарко, Агенцијата за млади и спорт и МОК

Следни натпревари

Следете не на социјалните медиуми