ФИС НАТПРЕВАРИ ВО АЛПСКО СКИЈАЊЕ ВО МАВРОВО

Почитувани, на 05-06.02.2020 година во ресорт Маврово, во организација на СФМ и ски клуб Меденица како технички организатор, се одржаа меѓународни ФИС натпревари во дисциплините Велеслалом и Слалом.

Учествуваа 27 натпреварувачи од 7 држави.

Најдобри во велеслалом беа Расхо Јевремович од Србија, второ и трето место беа Георги Ергин и Јоан Тодоров од Бугарија. Во дисциплината слалом првото место го освои Иоаннис Проиос од Грција, втор беше Георги Ергин а трет Елдар Салихович од Црна Гора.



Во рамките на Националното првенство, во ГС првото место го освои Виктор Петков, втор беше Дардан Дехари а трет Марјан Нашоку.



Во слалом најдобар беше Антонио Ристевски, втор Дардан Дехари а третото место му припадна на Марјан Нашоку. И покрај лошите временски услови, од страна на техничкиот делегат добиени се високи оценки за организацијата на овие натпревари.


Следни натпревари

Следете не на социјалните медиуми