5ти Фис Ролер Ски Куп Тоше Проески 28-30.08.2020 Крушево

Од 28ми до 30ти Август 2020 год, во организација на Скијачката Федерација на Македонија и клубот Олимпик Ски по петти пат се одржа меѓународнiиот ролер ски натпревар "Тоше Проески" во Крушево. Иако натпреварот се одржа во услови на Пандемија, организаторите превземаа соодветни мерки и вложија огромни напори за на патеката Кривогаштани - Крушево да настапат 40 натпреварувачи од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Грција.
Ова беше значаен натпревар за одржување на континутетот и формата на нашите репрезентативци, а деветмина членови од нашиот тим ги постигнаа своите досега најдобри резултати и освоија значајни ФИС поени. Тоа се:
- Ставре Јада,
- Михаела Даноска,
- Дарко Крстески,
- Андонаки Костоски,
- Дејвид Величковски,
- Коста Петроски,
- Давид Торевски,
- Душан Божиноски и
- Александар Јованоски.
Целосните резултати од ова натпреварување на следниот линк од официјалниот сајт на ФИС. https://www.fis-ski.com/DB/general/event-details.html?sectorcode=CC&eventid=46983&seasoncode=2021



