Сноуборд клубот Полар беше на жетва на натпревари во Србија

Изминатиот викенд, од 18-21 март 2017, во Србија се одржаа сноуборд ФИС натпревари – Отворено првенство на Србија, во организација на сноуборд клубот АБЦ од Крагуевац и Бибис од Белград.

Учествуваа 70 натпреварувачи (мажи и жени) од Србија, БиХ, Украина, Либан, Романија, а учество земаа и наши натпреварувачи од скопскиот сноуборд клуб Полар.

Натпреварите беа во 4 категории (Цицибани, Деца, Јуниори и Сениори) и 4 дициплини (Слоуп Стајл, Биг Ер, Велеслалом и Слалом).

Од Македонија се натпреваруваа 12 деца од клубот Полар и притоа беа освоени дури 15 медаљи од кои 5 златни медали


Први ФИС поени за Јана Наскова, Љубен Дерибан и Бојан Андонов.

  1. Јана Наскова 3то место ФИС Слоуп Стајл (Сениорска Конкуренција)
  2. Јана Наскова 1во место Слоуп Стајл – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
  3. Јана Наскова 2ро место Велеслалом – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
  4. Неда Добреска 2ро место Велеслалом – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
  5. Неда Добреска 2ро место Слалом – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
  6. Теодора Поповиќ 3то место Слалом – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
  7. Карло Дерибан 1место Слоуп Стајл – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
  8. Карло Дерибан 1 место Биг Ер – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
  9. Карло Дерибан 1 место Слалом – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
  10. Карло Дерибан 3то место Велеслалом – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
  11. Ведран Лауренчиќ 1во место Велеслалом – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
  12. Марко Петровски 2ро место Слалом – Категорија Цицибани (отворено првенство на Србија)
  13. Бојан Скендеровски 3то место Слалом – Категорија Деца (отворено првенство на Србија)
  14. Љубен Дерибан 2ро место Слоуп Стајл – Категорија Јуниори (отворено првенство на Србија)
  15. Љубен Дерибан 2ро место Биг Ер – Категорија Јуниори (отворено првенство на Србија)

Добри резултати постигнаа и останатите македонски натпреварувачи иако не освоија медали, Ева Башовска, Вера Лауренчиќ, Дамјан Михајловски, Адријан Бојковски и Давид Андоновски.

Водачи и тренери на македонскиот тим Кирил Насков, Јован Арсовски и Велко Николовски, клуб Полар – Скопје.


Следни натпревари

Следете не на социјалните медиуми